Веќе не е најдобар ниту во Велс – Бејл загуби од играч на Бoрнмут

Герет Бејл со години наназад е главна фигура во велшкиот национален тим, но честите повреди и падот во формата придонесоа асот на Реал Мадрид да не биде избран за најдобар фудбалер во својата земја.

Бејл стигнуваше до оваа награда шест пати во последните девет години, но големото признание на синоќешната гала-вечера замина во раацете на 21-годишниот Дејвид Брукс. Станува збор за млад играч за врска кој настапува за тимот на Бoрнмут и кој се наметнува како нова „ѕвезда“ на велшкиот фудбал. Сепак, големо изненадување е што Брукс стигнува до наградата за годината во која Бејл го реши финалето од Лигата на шампионите, постигнувајќи два гола за Реал Мадрид на дуелот со Ливерпул.

Дејвид Брукс воедно беше избран и за најдобар млад фудбалер, левиот бек на Лестер, Бен Дејвис ја доби новинарската награда, додека Велшката фудбалска асоцијација му додели специјално признание и на поранешниот македонски селектор, Џон Тошак.

Се вчитува...