Веќе нема дилема: Еден од најдобрите играчи на сите времиња е најлошиот изведувач на слободни удари

Јувентус синоќа ја совлада Специја со 3-0, па остана во борбата за титулата во Серија А. Избраниците на Андреа Пирло ја оправдаа улогата на фаворит во дуелот со Специја и со нови три поени ја намалија разликата зад водечкиот Интер на седум поени. Мората, Киеса и Роналдо постигнаа голови, па на овој начин обезбедија уште една победа за Јуве.

Италијанските медиуми денес најмногу пишуваат за слободните удари на еден од најдобрите играчи на сите времиња.

Роналдо и синоќа имаше можност да го совлада противничкиот голман од слободен удар, но повторно не успеа во тоа. Тој порано беше еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, а денес тој е човекот кој има најслаба ефикасност.

Од пристигнувањето во Јувентус, Португалецот има дури 67 обиди за слободен удар. Од кои, топката заврши 44 пати во живиот ѕид, и само еднаш ја погоди мрежата на противничкиот тим. Па така, од 67 обиди погоди еднаш во две и пол години. Сепак, познавајќи го Роналдо, статистика нема да го предомисли, па се очекува Кристијано и понатаму да продолжи со изведување на слободните удари во Јуве.

 

 

 

Се вчитува...