Легендарниот Мануел Нојер нема да ја заврши својата фантастична кариера летово, откако искусниот голман денеска и официјално потпиша нов договор со Баерн Минхен. Актуелниот договор истекуваше во јуни 2025 година, баварците јасно ставија до знаење дека сакаат да го задржат ако тој самиот се чувствува подготвен да брани уште една година, за денеска соработката и официјално да биде продолжена.
Нојер пристигна во Баерн од Шалке во 2011 година и е капитен на барскиот гигант уште од 2017 година. Во овој период тој има две тројни круни со Баерн (титули во Бундес-лигата, Купот на Германија и во Лигата на Шампионите) во 2013 и во 2020 година. Севкупно, тој има 11 трофеи во Бундес-лигата, досега одигра 547 средби за Баерн, а има и 124 настапи за Германија, националната селекција со која стана светски првак во 2014 година.
„Навистина уживам играјќи фудбалер и сакав да останам член на Баерн. Се уште сум гладен за успеси и со нетрпение очекувам да минам уште една сезона во овој специјален клуб. Имавме позитивни разговори, сите сме со добро претчувство за оваа нова соработка, знаеме дека можеме да оствариме уште многу цели со заедничка работа“, истакна Мануел Нојер по потписот на договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА