Велинов: На победа во Ѓорче Петров, сакаме излез во Европа

Ренова минува низ квалитетна пролет досега со освоени 15 бода во шампионатот на последните 10 натпревари. Сето тоа благодарение и на одличните игри на зимското засилување Стојанче Велинов кој пролетва има пет погодоци за „гипсарите“.

Од тимот од Џепчиште веруваат дека до триумф може да дојдат и денеска во 29. коло од Првата македонска фудбалска лига, на гостувањето против Македонија во Ѓорче Петров.

„Многу важен натпревар за нас против младата екипа на Македонија ЃП. По двете победи сакаме да продолжиме со добрите игри и победите. Ниту најмалку не смееме да го потцениме противникот без разлика на неговото место на табелата. Сакаме да продолжиме со позитивните резултати, па да се бори и за излез на европската сцена. Вербата дека можеме денеска до триумф се темели и на одличната атмосфера која владее во екипата“ – вели еден од најдобрите фудбалери на „гипсарите“.

Велинов игра во одлична форма оваа пролет, издојувајќи се како човек за голем број победнички одлуки на Ренова. Стрелец беше и во последната победа против Брегалница во Тетово.

„Па, и јас се надевам дека ќе продолжам во ист ритам со добри игри и голови да помогнам Ренова да дојде до остварување на своите цели“ – истакнува Велинов.

ДВОЈКИ – 29. КОЛО (денеска, 16 часот)

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВАРДАР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА

Прилеп: ПОБЕДА – СИЛЕКС

УТРЕ (16 ч.)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

Се вчитува...