Велкоски донесе триумф за Сараево

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски го постигна победничкиот гол за својот тим Сараево на гостувањето против Слобода (0-1). Велкоски успеа да ја надмудри противничката одбрана во последните мигови од првото полувреме. Тоа е втор триумф за Сараево во стартните три кола од новото првенство на БиХ, а воедно и еден вид рехабилитација по убедливиот пораз од Аталанта и елиминацијата во Лигата на Европа.

Се вчитува...