Велкоски продолжува со погодоците за Сараево… (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски продолжува со погодоците по враќањето во дресот на Сараево.

Велкоски го постигна и четвртиот свој гол за Сараево сезонава во најсилната лига на БиХ, овој пат во триумфот од 1-4 на гостувањето против Радник Бјелина.

Македонскиот офанзивец ја најави убедливата победа на Сараево со голот од пенал за 0-1 уште во 14. минута од средбата.

Radnik – Sarajevo 0:1 by goloviliga

По овој триумф, Сараево со 14 бода, од девет натпревари, се проби на третата позиција на табелата.

Се вчитува...