Велкоски со Сараево против Селтик, Спировски и Ференцварош против Лудогорец

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски со својот Сараево ќе играат против шкотски Селтик во 1. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Велкоски и Сараево добија тежок противник, но согласно дополнителната ждрепка поразениот од оваа двојка ќе игра директно во третото квалификациско коло за Лигата на Европа потоа.

Стефан Спировски, пак, со унгарски Ференцварош ќе игра против бугарскиот шампион Лудогорец, а Црвена Звезда за противник ја доби литванска Судува.

Се вчитува...