Велковски отпадна поради повреда, Зајков повикан за мечевите со Лихтенштајн и Ерменија

Дарко Велковски поради повреда нема да биде во составот на А репрезентацијата на Македонија за октомвриските натпревари во Лигата на нации против Лихтенштајн (13. октомври, национална арена „Филип Втори“) и Ерменија (16. октомври, „Вазген Саргсјан“ во Ереван).

Дефанзивецот на Ријека има руптура на задната ложа и поради тоа не е во можност да конкурира за настап на претстојните два репрезентативни натпревари.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски по отпаѓањето на Велковски за дуелите со Лихтенштајн и Ерменија дополнително испрати повик за Ѓоко Зајков од белгиски Шарлроа.

Репрезентативниот собир пред двата квалификациски натпревари е закажан за понеделник (8. октомври) од 12 часот.

Се вчитува...