Венгер: Арсен и Арсенал, тоа не е случајност, тоа е судбина

Поранешниот легендарен стратег на Арсенал, Арсен Венгер и пет години откако замина од клубот чувствува голема приврзаност со „топџиите“. Французинот  беше дел од клубот 22 години, период во кој се радуваше на големи успеси, но претрпе и многу тешки периоди во кои се најде како главен виновин за неуспехот во очите на навивачите.

Говорејќи за клупскиот сајт тој се потсети на првите денови во клубот велејќи дека Арсен и Арсенал не е случајност, тоа е судбина.

„И по пет години чувствувам голема приврзаност со клубот. Таа поврзаност има неверојатна моќ. Интересно е знаете, Арсен и Арсенал, тоа не е случајност, тоа е судбина. Ние сме индивидуи кои во животот имаат само еден пат, а мојот пат започна и заврши тука. Многу сум благодарен на тоа. Од првиот ден кога пристигнав во клубот почувствував посебна приврзаност. Тоа беше мешавина од историја и желба за иновација“, се потсетува Венгер.

Се вчитува...