Венгер: Артета може да го води Арсенал до титула во Премиер-лигата, но мора да се „одврзе ќесето“

Легендарниот Арсен Венгер вели дека Микел Артета е одличен избор за Арсенал, и дека шпанскиот менаџер може да го води тимот до титула во Премиер-лигата, но ќе мора да се „одврзе ќесето“ и да се донесе поголем број на квалитетни фудбалери.

„Микел Артета е вистинскиот човек за Арсенал. Тој може да го води клубот до титулата во Премиер-лигата, но тука мора да му помогнат и сопствениците. Едноставно мора да се „одврзе ќесето“ за поголем број квалитетни фудбалери“, изјави Венгер. 

Арсенал последната титула во Премиер-лигата ја освои во 2004 година кога на клупата на тимот од Лондон седеше токму Арсен Венгер.

Се вчитува...