Венгер: Душата на Арсенал остана на „Хајбери“, џабе е новиот модерен стадион

Арсен Венгер не го крие разочарувањето од она што му се случува на Арсенал, по огромниот пад на клубот што до пред десетина години доминираше на англиската фудбалска сцена рамо до рамо со Манчестер Јунајтед. Трофејниот стратег смета дека клучна грешка на клубот била одлуката за изградба на нов модерен стадион.

„Заминавме од „Хајбери“, кој беше сличен на „Енфилд роуд“, тоа беше стадион што имаше душа. Изградивме нов модерен стадион, но се е џабе кога душата ни остана на „Хајбери“, никогаш повеќе не успеавме да се наметнеме на домашниот терен, ривалите да се плашат кога ќе дојдат да ни гостуваат“, изјави Венгер.

Арсенал под водство на Венгер во сезоната 2003/04 стигна до титулата во Премиер-лигата без ниту еден пораз, подвиг што сезонава се обидува да го повтори тимот на Ливерпул.

Се вчитува...