Венгер го загуби Жиру за предновогодишните дуели

Арсенал го доби натпреварот против Вест хем во Лига-купот на Англија, но менаџерот Арсен Венгер има причини за незадоволство затоа што го загуби напаѓачот Оливие Жиру. Французинот заработи повреда на мускулот на синоќешниот меч и сигурно ќе отсуствува во наредните две седмици од фудбалските терени.

Ова значи дека Жиру нема да може да им помогне на „топчиите“ на дербито против Ливерпул в петок, но и на наредните два меча против Кристал Палас и против Вест Бромвич Албион на гости.

Арсенал во моментот се наоѓа на петтата позиција на табелата во Премиер – лигата со 33 освоени бода.

Се вчитува...