Венгер: Кога ќе умрам, прво што ќе побарам од Господ е да ми каже каде се судиите

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер и ден-денеска жали поради судиите. Пензионираниот француски менаџер се потсети како неговиот тим беше запрен во сезоната 2003/2004 против Манчестер јунајтед, според негово мислење, само од судиите.

Непобедливиот Арсенал тогаш имаше неверојатна серија без пораз, па доживеа пораз од Јунајтед.

„Го загубивме статусот непобедливи против Јунајтед кога судиите имаа огромен удел во тој наш пораз. Не заслуживме да загубиме. Кога ќе умрам, пред да видам дали ќе одам во рајот или во пеколот, ќе го прашам Господ каде може да ги најдам судиите“ – низ шега вели Венгер.

Во октомври таа 2004 година Арсенал загуби со 2-0, а претходно имаше неверојатна низа од 49 натпревари без пораз во Премиерлигата.

 

Се вчитува...