Венгер: Моите ’кртици’ сакаат да ме стават во затвор…

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, доби суспензија од четири натпревари од ФА на Англија и ќе треба да плати парична казна во износ од 25.000 фунти поради неспортското однесување на натпреварот против Барнли. Тој реши да ја искоментира целата ситуација и смета дека некои луѓе сакаат да го стават во затвор…

„Некој сака да ме стави во затвор. Си стојам на зборот, дека сум виновен на натпреварот со Барнли. Нека се разгледа ситуацијата повторно и решив да не поднесувам жалба за мојата казна. Нема потреба да се навраќам на таа случка и мора да гледаме напред“ – истакна Венгер.

После 22 одиграни натпревари, тимот од „Емирати“ се наоѓа на втората позиција на табелата во Премиер – лигата, со 47 освоени бода, осум помалку од лидерот Челси.

Се вчитува...