Венгер: Можеби ќе се видиме во Катар

Легендарниот француски стратег, Арсен Венгер откри дека би сакал да биде селектор на некоја од репрезентациите кои ќе учествуваат на завршницата на Светското првенство во Катар 2022. година.

„Не би имал ништо против да преземам некоја од репрезентациите. Секогаш сум сакал да бидам дел од финале на Светско првенство, бидејќи работа на тренерите е да бидат таму каде што се најдобрите фудбалери. Се надевам дека еден ден ќе ме видите во таа улога, можеби во Катар за три години“ изјави Венгер. 

Венгер е надвор од фудбалските терени од напуштањето на Арсенал во 2018. година.

Се вчитува...