Легендарниот француски тренер Арсен Венгер вели дека најмногу уживал во поразот на Ливерпул од Ватфорд, затоа што тоа значеше дека неговиот победлив Арсенал од 2004 година ќе остане посебен.
„Да, уживав во поразот на Ливерпул“ – искрен е Венгер.
„Секогаш сакавме да бидеме единствени во нешто. Ливерпул имаше можност истото да го повтори, но тоа е доказ дека тешко е да се повтори тоа што ние го направивме. Добив бројни пораки од навивачи на Арсенал тој ден“ – дополнува 70-годишниот Французин.
Иако го водеше клубот цели 22 години и мина низ бројни успеси, Венгер вели дека никогаш повеќе нема да стапне на Емиратите.
„Дали би се вратил како гледач? Секогаш зборував дека кога ќе си одам од Арсенал ќе заминам засекогаш, и повеќе никогаш нема да се вратам за ништо. Тоа е моја одлука“.
Венгер во 22 години ги водеше „топчиите“ на дури 1235 натпревари. Запишал победи на 707 натпревари, а освои три шампионски титули, седум ФА купа и седум трофеи во Лига купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА