Венгер: Жалам што не го напуштив Арсенал порано

Арсен Венгер мина на клупата на Арсенал цели 22 години. Од 1996 до 2008 освои 17 трофеи, а имаше и загубено финале на Лигта на шампионите. После тоа почувствувал проблеми со раководството на клубот, и тоа било вистински момент да го напушти тимот. Меѓутоа не го сторил тоа, и жали за тоа.

„Потполно се идентификував со клубот, тоа е мојата грешка. Мојата маана беше тоа што премногу го сакав клубот. Требаше да одам на друго место. Некогаш се прашувам дали нешто се скрши после таа сезона во која бевме без пораз? 2007 година беше пресвртна точка кога првпат почувствував тензии во управата. И натаму се прашувам дали направив вистинска работа, затоа што животот не беше ист после тоа“, рече Венгер.

„Можев да ја превземам репрезентацијата на Франција, а репрезентацијата на Англија ме бараше 2-3 пати. Двапати можев да одам во Реал Мадрид, да одам во Јувентус, ПСЖ па дури и Манчестер Јунајтед“, рече Венгер.

Се вчитува...