Венгер жестоко „удри“ по своите – Арсенал стана нечовечки клуб

Арсен Венгер и понатаму е без тренерски ангажман, а голем дел од фановите на Арсенал се уште го сметаат за еден од главните виновници за кризата во која се наоѓа клубот. Венгер истакнува дека тој нималку не е виновен за лошите игри на тимот, и дека Арсенал во моменто е нечовечки клуб.

„Кога стигнав во Арсенал бевме 80, а кога заминав 750. Тоа е премногу, секој размислува да се спаси себеси. За мене организацијата треба да има 150 луѓе и треба да има човечност. Мојата најголема болка е што Арсенал стана нечовечки клуб“, изјави Венгер. 

Синоќа Арсенал повторно не успеа да слави, откако само ремизираше 2-2 на гостувањето кај Стандард Лиеж во Лигата на Европа.

Се вчитува...