Венус Вилијамс во полуфиналето на УС Опен

Американската тенисерка Венус Вилијамс се пласираше во полуфиналето на УС Опен по голема борба и победа во три сета против Петра Квитова.

Беше тоа финале пред финалето во женска конкуренција, во кое Венус лесно дојде до 6-3 во првиот сет. Сепак, чешката тенисерка во вториот сет врати со иста мера, за славје од 3-6. Третиот сет донесе вистинска драма, се играше во тај-брејк а Венус славеше со 7-6(7-2).

Во полуфиналето Венус Вилијамс ќе игра против Американката Слоан Стефенс која претходно славеше против Анастасија Севастова со 2-1.

Се вчитува...