Верати е затвореник на еден шеик од Катар

Марко Верати делува решен да си замине од ПСЖ и да се пресели во Барселона, но овој трансфер е речиси невозможна мисија поради настојувањето на челниците на францускиот вицепрвак да го задржат Италијанецот на „Паркот на принцовите“. Агентот на Верати, Марко ди Кампли, го опиша својот клиент како „затвореник на еден шеик од Катар“, бидејќи првите луѓе на ПСЖ воопшто не сакаат да разговараат со Барселона околу висината на отштетата.

Ситуацијата е непријатна – Марко Верати е затвореник на еден шеик од Катар што има клуб во Европа. На Марко му е јасно дека има договор со ПСЖ, но никој не може да му се лути што сонува да игра за Барса. Тој има 24 години, го бара најдобриот клуб во светот, и тоа во година пред Светското Првенство. Од трансферот би можеле да заработат сите, но проблемот е што ПСЖ не сака ни да седне на маса со Барселона. Газда на францускиот гигант е Хамад Ал-Тани, Емирот од Катар за кого парите не значат буквално ништо. Непродажбата на Верати за него стана прашање на гордост, затоа и паарите немаат никаква врска. Зборував и со претседателот Ал Келаифи, знаете ли што ми рече? Ако го продадам Верати, луѓето од Доха никогаш нема да ми простат“ – изјави Ди Кампли.

Јасно е дека „сапуницата“ околу италијанскиот репрезентативец ќе продолжи и во периодот што следи, но шансите арапските газди да го променат својот став се многу мали.

Се вчитува...