Верати се помири… и му се извини на ПСЖ

Марко Верати повеќе од еден месец флертуваше со Барселона, но челниците на ПСЖ останаа доследни на ставот дека немаат намера да го продадат италијанскиот играч за врска. Се чини дека сагата заврши синоќа, откако Верати во интервју за клупската телевизија истакна дека планира да остане во Париз, воедно и се извини за изјавите на неговиот агент, кој тврдеше дека „Италијанецот е заробен од шеик од Катар“.

Ги видов изјавите на мојот агент и сакам да се знае дека тоа не се мои зборови, ниту пак мој личен став. Сакам да им се извинам на сите, од претседателот, преку соиграчите до навивачите. Среќен сум во ПСЖ, знам дека клубот има огромна доверба во мене и затоа уште еднаш се извинувам. Јас сум она што сум денеска поради овој клуб и затоа воопшто не се согласувам со изјавите на мојот агент“ – изјави Верати.

И покрај најавите за „штрајк“ за да издејствува трансфер, италијанскиот репрезентативец вчера почна со тренинзи во ПСЖ, па како што стојат работите страстите се смируваат, а Верати дефинитивно и во следната сезона ќе го носи дресот на „светците“ од Париз.

Се вчитува...