Верати со молба до гневните фанови: Оставете ги младите играчи на мир, навредувајте не нас постарите

Марко Верати побара од италијанските навивачи да не ги навредуваат играчите на репрезентацијата. Избраниците на Роберто Манчини пред два дена загубија од Македонија со 0-1 во баражот за СП 2022 година.

Во Италија владее шок, а Верати на Инстаграм ги замоли навивачите да не ги навредуваат фудбалерите, но ако веќе мораат да го прават тоа, нека ги остават барем оние помладите на мир.

„Кога победувате, лесно е да се заблагодарите на сите. Денеска сакам да го направам ова по поразот кој ни ја одзеде шансата да играме на најсветлиот и најатрактивниот турнир, не само за играчите, туку уште повеќе за навивачите на италијанската репрезентација од целиот свет. Сакам да им се заблагодарам на целиот персонал, на играчите и на сите оние кои работат со ентузијазам и страст за репрезентацијата. За жал, во фудбалот и животот не се остваруваат сите очекувања, цели и соништа. Мислам дека навредите не се најдобриот начин да се справиме со ова, бидејќи секој од нас даде сé од себе, но за жал тоа не беше доволно. Како прво, не ги допирајте младите играчи, ако веќе сакате да нѐ навредите нас „старите“, но заборавате дека ние сме луѓе како вас, обични луѓе, а можеме да доживееме неверојатни емоции дури и во мали нешта“, напиша играчот од средниот ред на репрезентацијата на Италија на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Verratti (@marco_verratti92)

Се вчитува...