Вердер преку Волфсбург ја стигна Борусија Дортмунд

Вердер славеше со 2-0 на дуелот против Волфсбург, со што тимот од Бремен се искачи на делба на првото место на табелата со лидерот Борусија Дортмунд.

Дејви Класен се покажува како клучен играч на Вердер на стартот од сезонава, поранешниот капитен на Ајакс го постигна голот за водство од 1-0 во првото полувреме, пред Егестајн да ги постави конечните 2-0 на додавање на ветеранот Пизаро.

Борусија има можност повторно да биде осамена на врвот доколку утре на домашен терен слави против Аугсбург.

Се вчитува...