Вереницата на убиениот новинар силно се спротиставуваше, но… Њукасл, сепак, продаден на принцот Бин Салман

Саудијскиот принц Мохамед Бин Салман и неговиот инвестициски фонд станаа мнозински сопственици на англискиот премиерлигаш Њукасл јунајтед.

Како што пренесе државната телевизија од Саудиска Арабија, раководството на Премиер-лигата дало зелено светло за продажба на клубот, и покрај тоа што на истата силно се противеше Амнести интернешнл и вереницата на убиениот новинар Хатиџе Џенгиз.

Принцот клубот го купи од Мајк Ешли за 300 милиони фунти. Бин Салман најави огромни вложувања во клубот кој во иднина планира да се бори на ниво на Сити, Ливерпул, Челси…

Претходно, вереницата на убиениот саудијски новинар Џамал Хашоги бараше од челниците на Премиер-лигата да ја прекинат продажбата на Њукасл и да не дозволат влез на принцот Бин Салман. Токму принцот Мохамед Бин Салман е осомничен дека стои зад убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ кој беше брутално мачен и убиен на 2. август 2018 година во саудијскиот конзулат во Истанбул.

Се вчитува...