Вернер: Лампард ми рече дека со Челси ќе се бориме за титулата и ме убеди да дојдам во Англија

Германскиот интернационалец Тимо Вернер треба да биде големо засилување за Челси во пресрет на новата сезона во Премиер – лигата. За клупскиот сајт на лондонските „сини“ објасни како менаџерот Франк Лампард успеал да го убеди да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Едноставно му рекол дека со него Челси ќе може да се бори за шампионската титула.

„Лампард беше конкретен и ми рече, со тебе Челси ќе биде подготвен да се бори за шампионската титула во Премиер – лигата. Не ми беше потребен поголем мотив, решив веднаш дека сакам да го носам дресот на Челси. Се уште е рано, го учам англискиот јазик, имам поддршка од Антонио Рудигер и од Матео Ковачиќ кои знаат добро да зборуваат германски, а ми ги покажаа и убавините на Лондон. Се надевам дека брзо ќе дозволат да се врати и публиката на стадионите за да можам да уживам во целата убавина на Премиер – лигата“, изјави Тимо Вернер.

Тој за сума од 60 милиони евра од Лајпциг направи трансфер во Челси ова лето.

Се вчитува...