Вернер: Не е до мене, потребна ми е доверба од Тухел

Репрезентативецот на Германија и фудбалер на Челси, Тимо Вернер, се осврна на критиките што ги добива од сите страни поради слабите партии пред се во дресот на „сините“. Тимо беше двоен стрелец на „панцирите“ во дуелот против Македонија, но вака добро не му оди и во тимот од Лондон.

Вернер изјави дека не размислува за критиките од јавноста, тој смета дека Томас Тухел треба да има поголема доверба кон него.

„Морам да ги игнорирам критиките. Ако размислувам за нив, ќе бидам под притисок. Знам што можам. Потребна ми е доверба од тренерот, се надевам дека ќе можам да се оддолжам“, изјави Вернер кој за лондончани одигра осум средби во сезонава со ефект од два гола и една асистенција.

Се вчитува...