Вернер се подалеку од Челси, Барселона го сака во јануари, во игра и Манчестер Јунајтед

Тимо Вернер се повеќе се одалечува од Челси. Настапите на Германецот од моментот кога го напушти Лајпциг за да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ се под очекувањата и во моментите тој е се подалеку од првиот тим, иако Тухел се обидува да му даде доволни шанси.

Последниот предизвик против Манчестер Јунајтед во првенството, за Вернер повторно беше разочарување, откако доби 3-4 шанси во текот на мечот, но не успеа да реализира ниту една. Вернер во моментов е интересен за Барселона, која има намера да го земе на позајмица во јануарскиот преоден рок во кој Челси можеби нема да размисли двапати за да се откачи од него. Останува преговорите да почнат деновиве.

Како нова опција се споменува и Манчестер Јунајтед, и тоа на барање на новиот стратег Ралф Рагник. Новиот стратег на Јунајтед како директор го доведе Вернер во Лајпциг и верува дека може да го извлече максимумот од германскиот репрезентативец, но останува да се види дали Челси би дал зелено светло за заминување на својот напаѓач кај директен ривал од Премиер-лигата.

Се вчитува...