Верона најде лек за „волчицата“ – Прв пораз на Мурињо со Рома (ВИДЕО)

Рома под водство на Жозе Мурињо го запиша првиот пораз во Серија А. Во 4. коло „волчицата“ загуби на гостувањето од Верона и покрај тоа што имаше предност од 0-1 на полувремето.

Рома поведе со голот на Пелегрини во 36. минута од средбата. Сепак, Барак и Капрари во вториот дел со два гола носат предност од 2-1 за Верона.

Откако со автоголот на Илиќ во 58. минута Рома израмнува, Фараони во 63. минута донесе победа за Верона.

Лацио ремизираше (2-2) со Каљари на дуелот на Олимпико. Каталди во 83. минута извлече бод за Лацио, откако Каљари претходно имаше предност од 1-2.

Се вчитува...