Белгискиот интернационалец Јан Вертонген се чувствува добро и ќе биде подготвен за настап во финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Дефанзивецот на Тотенхем заработи повреда на дуелот против Ајакс во полуфиналето, но веќе е во максимален тренажен процес на неколку дена пред финалната пресметка на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
„Тренирам неколку дена со соиграчите. Се чувствувам добро и се надевам дека без проблеми ќе можам да настапам во финалето на ЛШ. Тоа е меч кој се игра можеби еднаш во кариерата“, изјави дефанзивецот на Тотенхем.
Финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем е закажано за 1 јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА