Веселин Вујовиќ ја презема репрезентацијата на Босна и Херцеговина?

Легендарниот црногорски стратег Веселин Вујовиќ би можел да седне на селекторското столче на ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми.

Досегашниот селектор Билал Шуман ќе биде разрешене од оваа позиција ќе биде прекомандуван на позицијата координатор на сите селекции. Веселин Вујовиќ сега е прв фаворит, откако претходно со оваа позиција се споменуваа имињата на уште еден поранешен селектор на Македонија, Ивица Обрван како и легендарниот Ирфан Смаилагиќ.

 

Се вчитува...