Веспрем е страв и трепет во Унгарија: Манасков и „другарите“ броеја до 51

Веспрем игра феноменално на стартот на новата сезона во унгарското првенство, откако во рамките од третото коло тимот на нашиот Дејан Манасков го декласираше Егер со преубедливи 51-30.

Манасков и соиграчите речиси и да не промашија шут во првото полувреме, во кое постигнаа дури 28 погодоци и на одмор заминаа со предност од 28-17. Во продолжението покажаа барем малку милост кон гостинските голмани и постигнаа „само“ 23 гола, првпат сезонава минувајќи ја границата од 50 погодоци.

Манасков го заврши натпреварот со три постигнати гола, а најефикасни во Веспрем беа Словенците Благотиншек со десет и Гајиќ со осум погодоци.

Се вчитува...