Веспрем и Барса во големото финале на Суперглоуб

Веспрем и Барселона ќе се сретнат во големото финале на Суперглоуб откако овие два европски гиганти излегоа како победници од групите од овој турнир што се одржува во Египет.

Многу поинтересно беше на дуелот меѓу Веспрем и Фухсе Берлин во кој германскиот тим на помалку од две минути до крајот имаше предност од 32-33, но Унгарците со два гола во финишот, преку Хешам и Ремили стигнаа до пбоедата од 34-33. Гидсел го имаше последниот шут за Берлин, но неговиот сонародник Емил Нилсен го запре шутот на данскиот ракометен виртуоз и билетот за финалето заврши кај ракометарите на Веспрем.

Хешам со осум гола беше прв стрелец на Веспрем, додека кај поразената екипа Грендал и Гидсел реализираа по девет пати, сепак недоволно за триумф.

Барселона рутински ја одработе задачата на својот дуел со Замалек, триумфирајќи со убедливи 39-29. Фабрегас и Баруфет ги предводеа стрелците на Барселона со по седум погодоци, еден повеќе од Фраде.

Се вчитува...