Веспрем остана без уште еден важен играч пред мечот со Вардар

Давид Дејвис има полни раце работа со Египет за време на овој ракометен Мундијал, но поранешниот „вардарец“ истовремено го мачат и клупски проблеми.

Имено, тренерот на Веспрем во овие дваесетина дена остана без двајца клучни ракометари за продолжението од ЛШ, откако по Норвежанецот Тонесен, сега извесен период надвор од терените ќе мора да мине и Рене Тофт Хансен. Данскиот репрезентативец заработи незгодна повреда на мускулот, а Веспрем денеска објави дека Хансен ќе мора да биде опериран за проблемот да биде целосно саниран.

Тонесен и Хансен сигурно нема да бидат во комбинација за настап за Веспрем на претстојното гостување во Скопје против Вардар, меч закажан за 16 февруари. Вардар моментно е второпласиран во својата група со 13 бода, еден повеќе од Рајн-Некар Левен, Кјелце и Веспрем, кои се наоѓаат на делба на третата позиција.

Се вчитува...