Веспрем со четири топ-засилувања за 2023 година

Разочарувачката сезона само ги направи уште порешителни челниците на Веспрем, кои не се откажуваат од намерата да направат тим со кој конечно ќе ја исполнат големата желба – унгарскиот гигант да се закити со титулата во Лигата на Шампионите.

Веспрем денеска официјално потврди дека договорил четири засилувања, кои ќе пристигнат во клубот по завршувањето на новата сезона, од јули 2023 година.

Најголемо засилување за „црвено-белите“ се очекува да биде Лудовик Фабрегас, одличниот пивот на француската репрезентација кој пристигнува од редовите на Барселона. Токму Фабрегас го постигна победничкиот гол во пенал-рулетот од финалето против Киелце, Французинот на истекот од договорот наредното лето ќе го напушти каталонскиот гигант, а од бројните понуди ја избра токму онаа на Веспрем.

Покрај Фабрегас, во Веспрем во јули 2023 ќе пристигне уште еден француски репрезентативец, крилото Деска од таборот на Монпелје.

Член на унгарскиот гигант од наредното лето ќе биде и десниот бек на шведската репрезентација, Лукас Сандел, кој ќе пристигне од редовите на Алборг. Четвртото засилување кое денеска беше официјално потврдено од Веспрем е Шпанецот Аугустин Касадо, кој ќе пристигне од Ла Риоха.

Се вчитува...