Влашиќ е пред потпис со Вест Хем

Никола Влашиќ до крајот на преодниот рок ќе стане фудбалер на Вест Хем, пренесуваат англиските медиуми. Лондонскиот клуб кој вчера го комплетираше трансферот на Курт Зума е блиску до анагажман на хрватскиот репрезентативец од редовите на ЦСКА Москва, кој би бил последно летно засилување на „чеканите“.

23-Годишниот Хрват треба да биде замена за Џеси Лингард кој претходната сезона блесна на позајмица кај „чекикарите“, меѓутоа Вест Хем и Манчестер Јунајтед ова лето не успеаја да се договорот за целосен трансфер на повремениот англиски репрезентативец. Веќе е испратена и најновата понуда, со загарантирани 30 милиони евра, плус осум милиони преку неколку клаузули, што во следните 24 часа биб требало да биде прифатена од рускиот гигант.

Англискиот премиерлигаш оваа сезона ќе се бори и во второто по ранг европско натпреварување, Лига Европа, а интересно е тоа што во првото коло ќе се сретнат против хрватскиот шампион Динамо Загреб, меч кој е закажан за 16. септември.

Се вчитува...