Вест Хем ја одби и втората понуда на Арсенал за Рајс

Вест Хем и Арсенал и вторпат не успеаја да се договорат за трансфер на Деклан Рајс на „Емирати“. Понудата од 90 милиони вкупно, односно 75 веднаш и 15 низ бонуси, беше неприфатлива за „чеканите“. Тие сакаат 100 милиони фунти веднаш, без никакви додатоци и бонуси, нешто за кое засега од таборот на „топчиите“ не се согласуваат.

Сега на потег е повторно Арсенал кој ќе мора да даде рекордни 100 милиони ако сака да го обезбеди потписот на еден од најдобрите играчи во стедниот ред во моментов.

Манчестер Сити, пак, мирно ја чека ситуацијата на Рајс со Арсенал. И тие се заинтесирани за потпис на фудбалерот на Вест Хем, но како главен фаворит се потенцираат „топчиите“.

Се вчитува...