Вест Хем Јунајтед го тужи стадионот за прескапо пиво (ФОТО)

Интересен и невообичен случај ни доаѓа од Англија каде премиерлигашот Вест Хем Јунајтед се закани со тужба против газдите на „Лондонскиот Стадион“ поради превисоката цена на пивото.

На отварањето на новата сезона „чекичарите“ го угостија актуелниот шампион Манчестер Сити, а навивачите кои сакаа да се „оладат“ од жештините со чаша пиво мораа да платат најмалку 7.30 финти (530 денари), а најмногу 7.60 фунти (550 денари).

Тоа изрази големо незадоволство кај навивачите со оглед на тоа што цената на пивото кај ривалите од Лондон е за две фунти поефтино, а клубот веднаш застана на нивна страна. Вест Хем Јунајтед се повикува на „Клаузула за споредливи клубови“ и има право да бара промена на цената.

Вест Хем Јунајтед преселбата од легендарниот „Болејн Граунд“ на стадионот „Лондон“ го направи во 2016 година. И тогаш преселбата изрази големо незадоволство кај навивачите.

Се вчитува...