„Вест Хем ќе биде пред Ливерпул на крајот на сезоната“

Фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Мајкл Антонио ги разгоре стастите пред средбата на „чекичарите“ и Ливерпул закажана за в недела со почеток од 15 часот во рамките на шестото коло во Премиерлигата.

Говорејќи во подкастот „The Footballer’s Football“ напаѓачот прогнозираше за изгледот на табелата по крајот на сезоната и додаде дека Вест Хем Јунајтед ќе заврши пред Ливерпул.

„Не бирам нас пред Ливерпул. Знаете што, јас навистина мислам дека ќе завршиме пред Ливерпул на табелата оваа сезона. Нека остане тоа запишано“, изјави Антонио.

По пет одиграни натпревари Ливерпул има предност од три бода пред Вест Хем Јунајтед.

Се вчитува...