Вест Хем ќе го „шутне“ Мојс ако тимот не го освои трофејот во ЛК

Раководството на Вест Хем, планира да му врачи отказ на Дејвид Мојс, доколку тимот не успее да го освои трофејот во Лигата на конференции против Фиорентина во среда, пишува „Дејли Мејл“.

Иако со пласманот во финалето се чинеше дека Мојс си купи малку време, сепак, сега од него се бара освојување на трофејот во третото европско натпреварување. Отказот на Мојс се подготвува по лошата сезона на тимот во Премиерлигата.

Веќе почнаа да се појавуваат имиња како можни наследници на Мојс на клупата на „Чеканите“, а некои од нив се Паоло Фонсека, Брендан Роџерс, Грем Потер, Марко Силва и Анте Поцесоглу.

Се вчитува...