Вест Хем ќе се обиде да го „улови“ Алексис Санчез

Англискиот премиерлигаш Вест Хем ја разгледува можноста да го ангажира чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез. Тој е на позајмица од Манчестер Јунајтед во италијанскиот Интер, но калчолигашот нема да го откупи неговиот договор. Во услови на глобална финансиска криза предизвикана од коронавирусот, годишната заработка на Алексис Санчез е преголем товар за клубовите, а Санчез воопшто и не се наметна со игрите во Интер. Постигна само еден гол и одигра едвај 15 натпревари во сите конкуренции за „нероаѕурите“.

Вест Хем би сакал да го доведе на позајмица, но само доколку дел од неговата плата сепак и понатаму ја подмирува Манчестер Јунајтед. Алексис Санчез заработува неверојатни 400.000 фунти неделно. И оваа сезона Интер плаќа само 100.000 фунти, а останатите 300.000 фунти ги подмирува Манчестер Јунајтед.

Алексис Санчез во јануари 2018 од Арсенал како слободен агент пристигна на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...