Вест Хем му ја отвори вратата на Лидс кон Чемпионшип (ВИДЕО)

Фудбалерите на Вест Хем славеа над Лидс Јнајтед со 3-1 во првиот натпревар од денешната програма од 37. коло во англиската Премиер-лига и со тоа му го отворија патот на противникот кон Чемпионшип.

Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Родриго во 17. минута. До крајот на првиот дел беше 1-1 откако домаќините израмнија преку Рајс во 31. минута. Целосен пресврт (2-1) донесе Боувен во 72. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Ланѕини во 94. минута.

Со овој пораз Лидс на коло до крајот има минус два од првиот тим во сигурната зона Евертон, па затоа во последното коло на Лидс на домашен терен против Тотенхем ќе му одговара само победа.

West Ham [2] – 1 Leeds – Jarrod Bowen 72′
by u/Ihattaren in soccer

 

Се вчитува...