Вест Хем нема да го продаде Рајс, дури и да не го продолжи договорот

Англискиот репрезентативецот Деклан Рајс ќе игра за Вест Хем и следната сезона откако клубот најави дека нема да го продаде и покрај интересот на гигантите. Рајс засега не го продолжува договорот со тимот од Лондон, но и натаму Вест Хем најавува дека ќе одолева на гигантите.

Актуелниот договор му истекува дури во 2024 година, а има опција да биде продолжен на уште една. Дури и да не потпише нов договор, „чеканите“ најавуваат дека ќе остане барем уште една сезона. Рајс минатата седмица ја одби и третата понуда за нов договор со „чеканите“, во висина од 200.000 фунти неделна плата, и очигледно се надева на трансфер во некој од англиските гиганти во текот на летово.

За него се интересираат двата клуба од Манчестер, како и Челси, а Дејвид Мојес неодамна изјави дека почетната цена за одличниот играч за врска би изнесувала 150 милиони фунти, иако се сомнева дека Вест Хем воопшто ќе го продаде својот капитен.

Се вчитува...