Вест Хем имаше две опции, но на крајот сепак остана без нов напаѓач

Англиски Вест Хем вчера бил многу блиску до потпис со напаѓачот на Аталанта, Дуван Запата. Аталанта и Вест Хем се согласиле за трансфер, но истиот не беше комплетиран.

„Чеканите“ во изминатите денови беа во преговори и со Дарвин од Бенфика, но овој трансфер пропадна откако португалскиот клуб одби да го продаде својот најдобар напаѓач на половина од сезоната.

Запата исто така беше под „лупата“ на Њукасл, меѓутоа и тие не успеаја да го ангажираат голгетерот кој ќе остане во Бергамо најмалку до крајот од сезонава.

30-годишниот Запата сезонава во Серија „А“ играше на 16 натпревари, и постигна 9 гола со четири асистенции.

Се вчитува...