Вест Хем се понадева на чудо, па загуби од Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул славеше над Вест Хем со 3-2 во последниот натпревар од 27 коло во Премиер-лигата, податок со кој испишаа историја. Имено, ова беше 18 победа по ред за „црвените“ во англискиот шампионат, со што се израмнија со Манчестер Сити кој истиот учинок го реализираше во сезоната 2017/2018.

Домаќините поведоа уште на самиот старт на мечот откако Џорџињо Виналдум во 9. минута стрелаше за предност од 1-0. Само пет минути им требаше на гостите да израмнат откако Иса Диоп стрелаше за 1-1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Форналис донесе изненадувачко водство за Вест Хем од 1-2 во 54. минута. Во 68. минута Мохамед Салах по големата грешка на Лукаш Фабијански успеа да израмни на 2-2. Садио Мане во 81. минута донесе нова водство за европскиот шампион кое се покажа како доволно за нов триумф, иако гостите не успеаја до крајот да искористат две одлични шанси.

 

 

 

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...