Вест Хем со еден гол до три бода на „Гудисон парк“

Вест Хем остана непоразен и на четвртото гостување сезонава откако Дејвид Мојес со својот тим триумфираше против поранешниот клуб Евертон со 0-1.

„Чеканите“ покажаа поголем ентузијазам да стигнат до цел плен на оваа средба, заслужено стигнувајќи до триумф со голот на дефанзивецот Огбона, постигнат по корнерот што го изведе Боувен.

Вест Хем со овој триумф се израмни со Евертон со по 14 освоени бода, на делба на петтото до седмото место заедно со Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...