Вест на денот во Тотенхем, главниот напаѓач на тимот од Лондон во списокот против Сити!

Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн ќе биде во конкуренција за дербито на првото коло во Премиер лигата против Манчестер Сити, индиректно најави новиот менаџер на лондонскиот клуб, Нуно Еспирито Санто.

И покрај фактот што англискиот напаѓач се врати на тренинзите на Тотенхем само во саботата, и дека ќе тренира самостојно до четврток, ќе биде подготвен за неделната пресметка во Лондон.

Минатата недела се чинеше дека еден од најдобрите напаѓачи на денешницата тешко дека ќе продолжи да игра за Тотенхем, но работите се променија претходните денови, за што сведочат зборовите на португалскиот стручњак.

Сите играчи од тимот што тренираат со нас ќе бидат на списокот за натпреварот“, изјави Еспирито Санто.

Дури и ако игра во недела на спротивната страна во однос на Сити, сепак ништо не е исклучено во врска со неговиот трансфер на „Етихад“, знаејќи колку менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, го цени и посакува во своите редови.

Се вчитува...