Вестбрук на операција, ќе го пропушти стартот на новата НБА сезона

Кошаркарот на Оклахома сити, Расел Вестбрук, ќе мора да замине на артроскопска операција на десното колено и ќе паузира еден месец. Ова значи дека ќе ја пропушти претсезоната, но и самиот старт на сезоната во НБА – лигата.

„Расел Вестбрук заедно со лекарскиот тим на Оклахома сити одлучи да ја санира повредата на коленото со артроскопска операција која ќе ја изврши д-р. Нил Елатрач во клиниката во Лос Анџелес“, истакна Оклахома сити во клупско соопштение.

Седумкратниот олстар – играч минатата сезона имаше просек од 25.4 поени, 10.3 асистенции и 10.1 скокови.

Се вчитува...