Филаделфија славеше против Вашингтон со 120-95 во плеј-оф мечот од НБА лигата, но вистинска непријатност доживеа РАсел Вестбрук кој поради повреда порано го напушти мечот.
Минувајќи во тунелот под трибините еден навивачи фрли пуканки кон него, што го збесна Вестбрук. Беше решен физички да се пресметка со навивачот на противничкиот тим, но обезбедувањето го смири.
Ембид и Симонс беа најдобри во победничкиот тим со по 22 поени, а кај Вашингтон се издвои Бил со 33 поени.
Навивачот кој ги фрли пуканките, пак, веднаш беше идентификуван и исфрлен од салата.
Russell Westbrook appeared to have popcorn poured on his head by a fan on his way to the locker room with an apparent injury.
The fan was ejected from the game. pic.twitter.com/WgtvKMFYHH
— SportsCenter (@SportsCenter) May 27, 2021
„Ако го направеше тоа на улица ќе беше малку поинаку. И сам не знам што ќе добиеше“ – рече по мечот Вестбрук.
Кошаркарите на Њујорк никс, пак, дојдоа до првата плејоф победа по цели осум години. Њујорк во „Медисон сквер гарден“ триумфираше со 101-92 против Атланта и израмни на 1-1 во победи.
По завршувањето на мечот вистински делириум во Њујорк и кошаркарските фанови кои осум години ја чекаа оваа победа. Последен пат Њујорк во плејофот славеше на 16. мај 2013 година против Индијана во полуфиналето на Источната конференција.
tonight was on another level pic.twitter.com/kO95hNmsjW
— Jonah Kaner (@JonahKaner) May 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА