Вестбрук украде топка и со тројка на 4 десетинки до крајот донесе продолжение за триумф на Лејкерс, нова докторска партија на Јокиќ (ВИДЕО)

Уште една докторска партија на Никола Јокиќ за Денвер во синоќешните натпревари од НБА лигата. Овој пат против Кливленд имаше ефект од 32 поени, 10 скока и осум асистенции, но и покрај тоа Денвер беше поразен по продолжение со 119-116.

Лука Дончиќ запиша „дабл-дабл“ во поразот на Далас од Филаделфија од 111-101. Дончиќ мечот го заврши со 17 поени и 10 асистенции.

Партија за паметење одигра Домантас Сабонис во дресот на Сакраменто кој против Бостон уфрли 30 поени дополнети со дури 20 скока, но Бостон на крај убедливо победи со 97-126.

ЛА Лејкерс ја продолжуваат битката за место меѓу најдобрите десет на Западот. Запишаа важна победа над Торонто по продолжение од 123-128.

Најголемата заслуга за тоа оди кај Расел Вестбрук кој со тројка го одведе до продолжение својот тим. Торонто на 10 секунди пред крајот требаше да го имаат последниот напад, но Лејкерс испровоцираа грешка, Вестбрук украде топка и со тројка на три десетинки пред крајот донесе продолжение.

Вестбрук мечот го заврши со „трипл-дабл“ од 22 поени, 10 скока и 10 асистенции. Одличен беше и Леброн Џејмс со 36 поени, девет скока и седум асистенции.

Се вчитува...