Ветерани, но сите одлични: Роналдо го состави идеалниот тим од соиграчи

Легендарниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо, во кариерата настапуваше со многу играчи, а сега славниот играч се одлучи да состави тим од поранешни соиграчи.

Во тимот на Кристијано се најдоа седум играчи со кои настапуваше во Реал, тројца од Манчестер Јунајтед и еден од Јувентус.

Во идеалниот тим на Роналдо се најдоа: Касилјас, Кјелини, Фердинанд, Рамос, Сколс, Крос, Модриќ, Бензема, Руни, Бејл.

Од тимовите во кои настапуваше, недостасуваат само играчи од Спортинг Лисабон и од сегашниот Ал Наср. Тој во моментов е најплатениот играч во Светот.

Се вчитува...